ДЕЦАТА НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ БЕЗ ДА СЕ ВАКЦИНИРАНИ, ВЕЛИ ВЛАДАТА

    ДЕЦАТА НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ БЕЗ ДА СЕ ВАКЦИНИРАНИ, ВЕЛИ ВЛАДАТА„Основното образование е задолжително тие деца мора да одат во школо. Ќе одат во школо, но и ќе се вакцинираат“, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски (Фото: СДК.МК)

    Првачињата од оваа учебна година нема да може да се запишат во училиште, доколку родителите не донесат доказ од вакцинален картон при уписот, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање, како ќе се реализира уписот на основците кој почнува од денес и трае до крајот на месецот.

    „Знаете дека Владата донесе одлука да се прогласи за епидемија на морбили на територијата на цела држава. Од оваа учебна година нема да може да бидат запишани првачиња кои нема да достават картон за вакцинација во прво одделение. Тоа е јасно пропишано во законите. Во Законот за основно образование член 46 став 2 е јасно пропишано. Министерството за здравство како што знаете работи на теренска вакцинација. Министерството за образование е во координација со Министерството за здравство. Мора да се подигне севкупната имунизација на сите граѓани во земјата за да се спречи понатамошно ширење на епидемијата на морбили“, рече Бошњаковски.

    На прашањето како тоа ќе се реализира со оглед на тоа дека основното образование е задолжително, Бошњаковски одговори: „Основното образование е задолжително тие деца мора да одат во школо. Ќе одат во школо, но и ќе се вакцинираат“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира