Претседателот на Собранието Талат Џафери ја отвори точката за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски.
По повикот од Џафери, Зврлевски веднаш влезе во салата. Тој ќе присуствува на седницата.
Следи масовно пријавување на пратениците од сите 10 пратенички групи од 51.от пратеник на ВМРО ДПМНЕ.
За збор се пријавиле 73 пратеници.
Тука ја прекина седницата Џафери. Најави продолжување утре во 11 часот.
С. К. ДЕЛЕВСКА