Претседателот на Собранието Талат Џафери кажа дека не гласал на денешниот референдум, бидејќи неговото име го немало во избирачкиот список.
„Да, точно е, не гласав. Не можев да го искористам демократското право, бидејќи моето име не беше на избирачкиот список. Но, се надевам дека се работи за изолиран случај“, изјави Џафери.
Обраќајки се брзо по затворањето на избирачките места, Џафери им честиташе на институциите и граѓаните и кажа дека се надева на подобра иднина, а, како што кажа, овој ден ќе биде основа за идните процеси кои нè очекуваат во следниот период.