Поранешниот командант на ОНА Џезаир Шаќири – Хоџа е ангажиран како советник на премиерот Зоран Заев за внатрешната безбедност и борба против радикализмот, потврди Владата.
Шаќири, кој е поранешен пратеник од НДП, е времено ангажиран со договор за една година и ќе зема плата од 36.000 денари месечно, велат од Владата.
„Поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Џезаир Шаќири е времено ангажиран како Надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија“, соопштија од Владата.
Тој претходно на Фејсбук напиша дека „Заев беше помудар од нашите политичари и ме симна од планина за да ми даде барем некаква функција во владата“.