ДИК ПОНИШТИ ЛИСТА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗАШТО НА НЕА ИМАЛО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ

    ДИК ПОНИШТИ ЛИСТА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗАШТО НА НЕА ИМАЛО ПОЧИНАТО ЛИЦЕДИК кажа дека на 17 октомври по допрен глас дошла до информација дека на оваа листа има починато лице (Фото: ДИК)

    Државната изборна комисија поништи потврдена листа за членови на Советот на Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ). Образложението е дека ДИК на 17 октомври по допрен глас дошла до информација дека на оваа листа има починато лице. ДИК предложи за овој случај понатаму да постапува Јавното обвинителство.

    Согласно Деловникот и Изборниот законик, ДИК констатира дека се поништува листата за членови на Совет на Град Скопје поднесена од ДНЕТ, која беше потврдена од Изборната комисија на Град Скопје. ДИК одлучи дадените гласови за поништената листа членови да се евидентираат како неважечки гласачки ливчиња во записникот за гласање. Исто така, членовите на општинските изборни комисии кои спроведуваат гласање за Град Скопје и Изборната комисија на Град Скопје нема да ги сметаат како добиени гласови во соодветните записници за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето“, кажа претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

    Членот на ДИК, Александар Даштевски, рече дека ваков случај на предложено починато лице имало и лани. Листата и тогаш била отфрлена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира