ДИМИТРОВ И БЕЈЛИ РАСПРАВАА ЗА ГОЛЕМИНАТА НА ЛУБЕНИЦИТЕ

    ДИМИТРОВ И БЕЈЛИ РАСПРАВАА ЗА ГОЛЕМИНАТА НА ЛУБЕНИЦИТЕАмбасадорот Бејли и министерот Димитров на завчерашната конференција „Македонија во НАТО“ и на денешната средба во министерството за надворешни работи. (Фото: Твитер)

    Американскиот амбасадор Џес Бејли објави на Твитер дека на денешната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров разговарале за големината на лубениците.

    „’И лубеницата беше волку голема!’ Ти благодарам Никола Димитров. Гастро дипломатија“, твитна Бејли.

    Твитот на Бејли со фотографијата како двајцата држат лубеница е одговор на вчерашниот твит на Димитров, кој се пошегува дека со амбасадорот не разговараат за вкусните македонски кралски патлиџани, објаснувајќи ја нивната заедничката фотографија од конференцијата „Македонија во НАТО“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира