ДИМИТРОВ СЕ СРЕТНА СО ТИЛЕРСОН ВО ВАШИНГТОН

    ДИМИТРОВ СЕ СРЕТНА СО ТИЛЕРСОН ВО ВАШИНГТОНСтејт департментот не соопшти детали за што се разговарало на средбата Димитров-Тилерсон (Фото: Стејт департмент)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров се сретна со државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, во Вашингтон, но вечерва ниту Стејт департментот, ниту Министерството за надворешн работи на Македонија не соопштија детали за што се разговарало на средбата.

    Стејт департментот на својот сајт објави кратко видео од пречекот на Димитров, при што е најавено дека тој ќе одржи билатерална средба со Тилерсон.

    Ова е прв пат по 2008 година македонски министер за надворешни работи да биде примен на билатераална средба кај државниот секретар на САД во Стејт департмент. Последна ваква средба беше по Самитот на НАТО во Букурешт кога тогашниот претседател на САД Џорџ Буш не успеа да ја внесе Македонија во НАТО заедно со Хрватска и Албанија. Во мај 2008 година тогашниот министер за надворешни работи на Македонија Антонијо Милошоски и тогашната државна секретарка Кондолиза Рајс го потпишаа договорот за страетешко партерство и соработка меѓу Македонија и САД.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира