ДО МАПАС ДОСТАВЕНО БАРАЊЕ ЗА ОСНОВАЊЕ ТРЕТО ПРИВАТНО ПЕНЗИСКО ДРУШТО

    ДО МАПАС ДОСТАВЕНО БАРАЊЕ ЗА ОСНОВАЊЕ ТРЕТО ПРИВАТНО ПЕНЗИСКО ДРУШТООд МАПАС велат дека основањето на третото пензиско друштво ќе се одвива согласно македонското законодавство. - Центарот на Скопје (Фото: СДК.МК)

    Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС соопшти дека „Заваровалница Триглав д.д.“ од Република Словенија доставила барање до нив за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.

    „Процесот за основање ќе се одвива под целосна контрола од страна на Агенцијата, согласно македонското законодавство во најдобар интерес на пензискиот систем. Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови“, велат од МАПАС.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира