ДОЈАВИ ЗА БОМБИ И ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ЦЕНТАР, ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР, ТЦ „БИСЕР“ И 7 ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ

    ДОЈАВИ ЗА БОМБИ И ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ЦЕНТАР, ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР, ТЦ „БИСЕР“ И 7 ШКОЛИ ВО СКОПЈЕДва месеца мета на закани за поставени бомби беа средните и основни училишта во Скопје и во други градови. (Фото: К. Попов)

    Дојави за бомби денеска освен во седум средни школи во Скопје и во трговскиот центар Ист гејт мол, стигнале и во трговскиот центар Бисер, Транспортниот центар, објектот Флетајрон и во Полициската станица Центар, соопшти МВР. По неколку часа МВР соопшти дека се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е оти станува збор за лажни пријави.

    „Денеска околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
    Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатајрон и ПС Центар“, соопшти МВР.

    Во средата закана за бомба стаса во Народна банка, откако два месеца мета на закани за поставени бомби беа средните и основни училишта во Скопје и во други градови. Сите досегашни дојави беа лажни.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира