ДОКИЌ СЕ ВРАТИ ЗА ДИРЕКТОР НА ПУЛМОЛОГИЈА

    ДОКИЌ СЕ ВРАТИ ЗА ДИРЕКТОР НА ПУЛМОЛОГИЈАЗа нов директор на Клиниката за пулмологија е назначен Дејан Докиќ; Смиља Туџарова беше разрешена од директорската функција на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

    Уште четири клиники денес добија нови директори, една општа болница и еден здравствен дом. Дејан Докиќ се враќа на позицијата директор на Клиниката за пулмологија и алергологија, соопшти Министерството за здравство. Тој доаѓа на местото на досегашната директорка Бисерка Јовковска Ќаева, а беше на истата функција до 2007 година.

    Од функцијата директор денес е разрешена и Смиља Туџарова, која ја водеше Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. На нејзино место е поставена Софија Пејкова.
    Поранешниот министер за животна средина од редовите на ДУИ Неџати Јакупи е именуван за нов директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, а разрешен е досегашниот директор Зоран Спировски.

    Јане Нетков отсега ќе ја води Клиниката за уво нос и грло, на местото на досегашниот директор Никола Николовски.
    „Д-р Гојарт Сулејмани е новиот директор на општа болница Гостивар, а решение за директор во Здравствен дом Штип потпишано е за д-р Снежана Трајковска“, велат од Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира