Во сабота и недела, кога има целосна забрана за движење 24 часа, на граѓаните кои имаат кучиња ќе им биде дозволено изнесување на милениците наутро од 8.00 часот до 8.30 часот, попладне од 15.00 часот до 15.30 часот и во вечерните часови од 20.00 часот до 20.30 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од понеделник до петок, кога ќе има полициски час од 16 до 5 часот, дозволата важи од 20.00 до 20.30 часот. Дозволата се однесува за растојание најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.
Притоа, предупредуваат од МВР, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.