ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ Е ЗГОЛЕМЕН ЗА 244.000 ЕВРА ОД ПРОДАЖБА НА ИМОТОТ НА МИЈАЛКОВ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ОДЗЕМЕН ИМОТ

    ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ Е ЗГОЛЕМЕН ЗА 244.000 ЕВРА ОД ПРОДАЖБА НА ИМОТОТ НА МИЈАЛКОВ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ОДЗЕМЕН ИМОТСтанува збор за дел од имотот конфискуван со спогодбата за случајот „Империја“. (Фото: К.Попов)

    Три објекти во сопственост на Сашо Мијалков се продадени за вкупно 244.000 евра. Директорот на Агенцијата за одземен имот Дритон Небиу објави дека од денеска државниот буџет е зголемен за 244.000 евра.

    Агенцијата успешно ја спроведе и реализира продажбата на вкупно три одземени недвижности согласно Јавниот оглас за продажба на одземен имот, која се спроведе по пат на електронско јавно наддавање. Имено станува збор за три недвижности кои согласно правосилната судска пресуда КОК – ПП бр. 283/2022 се одземени од Сашо Мијалков“, вели Небиу.

    Станува збор за дел од имотот конфискуван со спогодбата за случајот „Империја“ кој сега на јавна лицитација ќе се продава. Запленетиот имот според Агенцијата вреди околу 14 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира