Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги соопшти имињата на предлозите за министри и вицепремиери на неговата партија во новата влада на мандатарот Зоран Заев по денешната седница на централното претседателство во Мала Речица.
Хазби Лика е предлог на ДУИ за вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор, Бујар Османи за вицепремиер за евроинтеграции, Булент Салиу за министер за правда, Садула Дураку за министер за екологија, Крешник Бектеши за министер за економија и Рамиз Мерко за министер без ресор.