ДУИ ќе почека Зоран Заев да го добие мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов, па потоа ќе почнат разговорите за програмска и кадровска хармонизација со СДСМ, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од партијата.
Досега, велат од ДУИ, е комплетирана политичката хармонизација со СДСМ и решени се прашањата во врска со ЕУ, НАТО и СЈО и сега во партијата ќе прават програмска хармонизација со СДСМ за што ќе расправаат до детали, а на крај ќе се прави кадровска хармонизација.
Од моментот кога ќе го добие Заев мандатот, има 20 дена за одлуки и опции каква Влада ќе се формира, велат од ДУИ.