ДУИ денеска не донесе одлука, соопшти портпаролот на партијата Бујар Османи во 23.30 часот, на половина час пред истекот на рокот во кој мандатарот Никола Груевски требаше да обезбеди мнозинство за состав на новата влада.
Тој рече дека имале сеопфатен процес во партијата и надвор од партијата, но не можеле да донесат одлука што би била најдобрата одлука за сите граѓани на Република Македонија.