Дунавка Трифуновска, познатата македонска старлета, на отварањето на Охридско лето се појави со круна на главата. Во придружба на еден господин, кој носеше кошула во иста боја како нејзиниот фустан, таа синоќа седеше во античкиот театар, веднаш зад претседателот Ѓорге Иванов кој е покровител на фестивалот, неговата сопруга Маја, министерката за култура Елизабета Канческа Милеска и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Дунавка, која по професија е фармацевт и води приватна аптека во центарот на Скопје, го привлече вниманието на јавноста лани со својот настап на Мис Гранд интернешенал во Банкок, Тајланд. По тој настан таа зборуваше дека средината не е дорасната за големи претставувања и нема свест за државност, објаснувајќи зошто на меѓународниот натпревар за мис се облекла во македонско знаме.
Синоќа на Охридско лето, на концертот на светски познатата оперска певица Елина Гаранча од Латвија носеше круна и големи обетки.
Дунавка по настапот во Банкок ги критикуваше Македонците дека немаат однос кога одат на театар или на опера и дека таа со својата гардероба покажува како таквите настани изгледаат во светот.