ДУРЛОВСКИ ИМ ГО ОСТАВИ „ЧЕТВРТИОТ ИЛИНДЕН“ НА БЕТМЕН И ДАМОВСКИ

    ДУРЛОВСКИ ИМ ГО ОСТАВИ „ЧЕТВРТИОТ ИЛИНДЕН“ НА БЕТМЕН И ДАМОВСКИДиректорот на МОБ Игор Дурловски беше еден од тројцата водачи на иницијативата „Четврт Илинден - За заедничка Македонија“, заедно со Борис Дамовски и Богдан Илиевски. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Македонска опера и балет Игор Дурловски се повлече од организацијата на протестите на „Четврт Илинден – За заедничка Македонија“, каде беше еден од тројцата водачи, заедно со Богдан Илиевски и Борис Дамовски, потврди оперскиот пејач на својот профил на Фејсбук.

    КУЛТУРЊАЦИТЕ КАКО ПЛАТЕНА ВОЈСКА НА МИНИСТЕРКАТА БЕТИ ЗА НАПАД НА СОБРАНИЕТО

    На последните два протести на „Четврт Илинден – За заедничка Македонија“, и двата по нападот во Собранието во четвртокот, говорници беа само Илиевски и Дамовски, а Дурловски го немаше покрај нив. Тој вели дека бил скршен од тоа што „дел од моите сограѓани брутално ме напаѓаа поради разликите во ставовите“ и жали што „индиректно бил дел од насилството“ во Собранието.

    ДУРЛОВСКИ НАПАДНАЛ БАЛЕТАН ВО МОБ, ОТИ МУ РЕКОЛ „ТИ ЛИ ЌЕ НИ ПРАВИШ ВОЈНА?“

    „Стотиците закани не ме уплашија, но тоа што ме скрши е што дел од моите сограѓани брутално ме напаѓаа поради разликите во ставовите за иднината на Македонија. На И4 им посакувам истрајност и разумно дејствување, редовно ќе бидам меѓу нив на улица, но, пред сè, својата поддршка за Македонија понатаму ќе ја остварувам како организатор на сопствените морални убедувања и професионално дејствување“, напиша Дурловски на Фејсбук.

    За водачите на „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и Игор Дурловски МВР побара од Скопското обвинителство одредување притвор или одземање на патните исправи, зашто се обезбедени докази дека биле организатори и водачи на нападот во Собранието на 27 април. МВР бара од Основното јавно обвинителство под итно да бидат повикани на сослушување.

    „МВР до надлежното ОЈО достави и посебно известување за организаторите на протестите за евентуалното натамошно постапување на обвинителството околу целосното расчистување на случувањата од 27.04“, стои во соопштението на МВР од 30 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира