ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И 62 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД 771 ТЕСТ, НАЈМНОГУ ВО СКОПЈЕ, ШТИП И ТЕТОВО

    ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И 62 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД 771 ТЕСТ, НАЈМНОГУ ВО СКОПЈЕ, ШТИП И ТЕТОВОВо „8 Септември“ почина еден пациент. Примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, а со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во Градската општа болница „8 Септември“ од КОВИД-19 почина 60-годишен пациент од Струга (примен во болницата на 22 мај). Евидентиран е пациент од Гостивар (64) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат, соопшти Министерството за здравство.

    Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани – 1 и Валандово-1.

    Оздравени се 17 пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега, во рамките на скринингот се направени 3.723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на КОВИД-19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.

    Во „8 Септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, а со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на коронавирус.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава досега се 2.226, од кои оздравени се 1.552, починати се 133, а активни се 541.

    Последната дистрибуција по градови е следната:

    Скопје – 841, активни 267
    Куманово – 455, активни 45
    Дебар – 51, активни 0
    Штип – 76, активни 41
    Прилеп –211, активни 41
    Тетово – 210, активни 78
    Струга – 84, активни 14
    Велес – 130, активни 30
    Битола –28, активни 3
    Охрид –23, активни 6
    Кавадарци – 5, активни 0
    Гостивар –26, активни 6
    Гевгелија – 4, активни 0
    Струмица – 3, активни 1
    Крива Паланка- 6, активни 0
    Радовиш – 4, активни 0
    Крушево – 3, активни 0
    Кочани – 33, активни 2
    Пробиштип – 2, активни 0
    Кичево – 3, активни 1
    Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1, активни 0
    Македонски Брод – 2, активни 0
    Пехчево- 3, активни 0
    Делчево-1, активни 0
    Валандово -2, активни 1
    Виница – 3, активни 1
    Кратово-2, активни 0
    Берово-1, активни 0
    Свети Николе-1, активни 1.

    Направените 771 теста се преку Институт за јавно здравје–447, Центар за јавно здравје Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со ПЦР метода -70 и МАНУ -114. Досега во земјата се направени вкупно 29.575 тестирања на КОВИД-19.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира