Двајца вработени од Управата за јавни приходи (УЈП), меѓу кои има и раководители, им овозможиле на 37 фирми 2 години да бидат изземени од присилна наплата на данок на добивка. Директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска на прес-конференција рече дека станува збор за компании од Скопје приватни и државни, но поради даноча тајна не ги кажа имињата.
„Има компании од сите дејности и станува збор за милионски суми. Дел од нив се познати на јавноста“, рече Лукаревска. Фирмите се појавуваат на листата на даночни должници на УЈП.
Амнестирањето било овозможено така што фирмите биле испуштани да се внесат во системот за опомени на УЈП.
Против вработените се води дисциплинска постапка, а текот на истрагата ќе покаже дали ќе се оди и со други мерки, рече Лукаревска.