ДВАЈЦАТА КРЕАТОРИ НА „ЈАВНА СОБА“ ДОБИЈА ПО 4 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ШИРЕЊЕ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

    ДВАЈЦАТА КРЕАТОРИ НА „ЈАВНА СОБА“ ДОБИЈА ПО 4 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ШИРЕЊЕ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈАОд протестот за „Јавна собра“ во февруари 2021 година. (Фото: СДК.МК)

    Изречени се првите пресуди и тоа со затворски казни за креаторите на групата на Телеграм за вознемирување девојки и жени, т.н. „Јавна соба“.

    Судијката Билјана Коцевска на обвинетиот Дарко Костовски, креатор на групата му изрече казна затвор во траење од 4 години, а иста казна од 4 години затвор му изрече и на администраторот Михаил Паневски.

    Тие се обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија.

    Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

    На социјалната мрежа „Телеграм“ оваа група веќе е згасната.

    Обвинителството во овој предмет поведе постапка за производство и дистрибуција на детска порнографија, бидејќи во текот на предистрагата биле обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација. Секако тие крадејќи фотографии и лични податоци, без дозвола објавуваа и сексуално вознемируваа десетици полнолетни девојки и жени.

    Уште е во фаза на предистрага случајот “Јавна соба 2”. Овој случај за „Јавна соба 1“ е успешно завршен затоа што обвинетиот Дарко Костовски сам се предаде во полиција.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира