Дванаесет вработени во „Телма“, со одлука на раководството, денеска се прогласени за технолошки вишок, јавува „Плусинфо“.
Меѓу нив се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска-Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата.
Тие не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци.
Денеска Синдикатот на вработените на „Телма“ очекува да има средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста.
Од Независниот синдикат на новинари и медиумски работници велат дека не биле консултирани за одлуката и најавуваат дека во текот на денот очекуваат средба со раководството на телевизијата.