Две убиства се случија вчера, на 1 ноември. Прво штипјанец пријавил дека ја убил 29-годишната партнерка и ја однел полицијата кај телото.
Потоа жителите на Арачиново биле вознемириле од пукање. Од возило во движење, биле застрелани татко и син. Родителот починал во Ургентниот центар во Клиничкиот центар во Скопје, синот е уште таму.
Дежурниот јавен обвинител веќе ги зел трагите од местото каде што била убиена жената. Осомничениот кој тврди дека е убиецот, Ф.З. (25), е уапсен уште синоќа.
Телото на убиената е дадено на обдукција, набрзо ќе се знае и мотивот за убиството. Ф.З. ја убил 29-годишната жена во близина на штипскиот парк Суитлак, по што се пријавил во полиција.
За убиството и ранувањето во Арачиново, од МВР има информација дека во жртвите било пукано од автомобил „ауди“, во кои имало две лица. Едното веќе е уапсено. Се работи за нерасчистени должничко-доверителски односи, рекоа денеска од Министерството.
С. К. ДЕЛЕВСКА