ЕДЕН ПОВРЕДЕН ВО ПУКАЊЕ ВО ЧАИР

    ЕДЕН ПОВРЕДЕН ВО ПУКАЊЕ ВО ЧАИРПукањето се случило во паркот на улица „Кемал Сејфула“. (архивска фотографија)

    Едно лице е повредено во пукање вечерва во скопската населба Чаир. Од МВР велат дека случајот е пријавен од болницата „Св. Наум Охридски“, каде што бил донесен Џ.Х. од Скопје, со повреда од огнено оружје.

    „Денеска (02.12.2024) од ГОБ „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. ‘Кемал Сејфула’ во Скопје“, велат од МВР.

    Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира