ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО ПРЕСТРЕЛКА МЕЃУ ДВЕ ГРУПИ НА СКОПСКИ БИТ ПАЗАР БЛИЗУ ШКОЛО И ЏАМИЈА

    ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО ПРЕСТРЕЛКА МЕЃУ ДВЕ ГРУПИ НА СКОПСКИ БИТ ПАЗАР БЛИЗУ ШКОЛО И ЏАМИЈАВо престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила, вели МВР. (Фото СДК.МК)

    Едно лице е потешко повредено при вооружена престрелка меѓу две групи на Бит Пазар во Скопје, соопшти МВР. Престрелката се случила во 14 часот на улицата Војдан Чернодрински.

    „Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’. На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила“, велат од МВР, каде се работи на расчистување на случајот.

    Во близина на местото е основното училиште „Јашар Беј Шкупи“ каде во моментот на престрелката се одвивала настава, а во блиската џамија се одржувала петочна молитва. Учениците биле веднаш евакуирани, а родителите повикани да ги земат од школо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира