ЕДИНСТВЕНИОТ БЛОК ОД РЕК БИТОЛА КОЈ ПРОИЗВЕДУВАШЕ СТРУЈА ИСПАДНА ОД МРЕЖА, ОД ЕСМ ВЕЛАТ ДЕКА СТРУЈА НЕ СЕ УВЕЗУВА, ТУКУ СЕ НАДОПОЛНУВА ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

    ЕДИНСТВЕНИОТ БЛОК ОД РЕК БИТОЛА КОЈ ПРОИЗВЕДУВАШЕ СТРУЈА ИСПАДНА ОД МРЕЖА, ОД ЕСМ ВЕЛАТ ДЕКА СТРУЈА НЕ СЕ УВЕЗУВА, ТУКУ СЕ НАДОПОЛНУВА ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВООд ЕСМ соопштија дека испадот е поради пукната цевка што било честа појава и дека работат на терен за санирање на состојбата. (Фото: СДК.МК)

    Во текот на вчерашната ноќ од мрежа испадна третиот блок, односно единствениот со кој македонскиот електроенергетски стожер РЕК „Битола“ во последно време произведуваше струја. Од ЕСМ соопштија дека испадот е поради пукната цевка што било честа појава и дека работат на терен за санирање на состојбата, па се очекува во текот на попладневните часови еден од трите блокови да биде вратен во производство.

    „Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја, и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира. Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена беше набавка на електрична енергија, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работеше само со еден блок“, пишува во соопштението на ЕСМ.

    Оттаму додаваат дека согласно планот за производство, се очекува до крајот на неделата да биде ставен на мрежа и вториот блок, додека на почеток на следната недела се очекува сите три блокови да бидат на мрежа.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира