ЕДНОМЕСЕЧНО БЕБЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ ПРЕФРЛЕНО ОД ДЕТСКА КЛИНИКА НА ИНФЕКТИВНА СЕ ЗАРАЗИЛО СО СИПАНИЦИ, ШЕСТ НОВОЗАБОЛЕНИ

    ЕДНОМЕСЕЧНО БЕБЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ ПРЕФРЛЕНО ОД ДЕТСКА КЛИНИКА НА ИНФЕКТИВНА СЕ ЗАРАЗИЛО СО СИПАНИЦИ, ШЕСТ НОВОЗАБОЛЕНИНа Клиниката за инфективни болести во моментов има 20 со мали сипаници, а едномесечното бебе претходно се лекувало на Клиниката за детски болести поради друга состојба (Фото:СДК.МК)

    Во последното деноноќие на Клиниката за инфективни болести биле прегледани шест пациенти со симптоми на мали сипаници (морбили), при што едномесечно бебе со Даунов синдром е хоспитализирано, а останатите пациенти се пуштени на домашно лекување.

    Од Министерството за здравство велат дека бебето претходно се лекувало на Клиниката за детски болести, од каде е префрлено на Клиниката за инфективни болести.

    „Бебето е во потешка состојба, со оглед на возраста и со оглед на тоа дека е со Даунов синдром. Префрлено е од Детска клиника кај нас, а таму се лекувало поради друга состојба“, вели д-р Сања Петрушевска Маринковиќ“, од Клиниката за инфективни болести.

    На Клиниката во моментов се лекуваат 20 пациенти со мали сипаници. Од пациентите кои во текот на вчерашниот и денешниот ден биле прегледани на Инфективна едно е 6 годишно дете од Љуботен, а четворица пациенти се возрасни.

    „И детето и возрасните биле вакцинирани само со една доза на МРП (морбили, рубеола, паротит). Двајца од возрасните се од Скопје, еден е од Дебар, а четвртиот од Куманово. Досега од морбили се евидентирани над 120 случаи“, велат од Министерството за здравство.

    До 13 часот во вакциналните пунктови вакцинирани се 134 деца, а од почетокот на епидемијата досега вукпно 5.150. Од Министерството за здравство препорачуваат да се почитуваат противепидемиските мерки, како и оние што не се вакцинирани или се вакцинирани со една доза тоа да го направат што поскоро.

    „Родителите ако се посомневаат на мали сипаници децата прво да ги однесат кај матичен лекар или во дежурните ноќни пунктови во поликлиниките ’Јане Сандански‘, ’Бит пазар‘ и ’Ѓорче Петров‘, кои во работни денови работат од 19.30 до 7.30 часот, а за време на викенди се 24 часа достапни. Лекарот ако оцени дека е потребно ќе ги препрати на Клиниката за инфективни болести“, велат од Министерство за здравство.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира