ЕКСКОШАРКАРОТ ДЕЈАН ЈОВАНОВСКИ КАНДИДАТ ЗА ЦЕНТАР НА ВМРО-ДПМНЕ

    ЕКСКОШАРКАРОТ ДЕЈАН ЈОВАНОВСКИ КАНДИДАТ ЗА ЦЕНТАР НА ВМРО-ДПМНЕЈовановски во Центар ќе му биде противкандидат на актуелниот директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Богдановиќ. - Дејан Јовановски; Саша Богдановиќ

    Поранешниот кошаркар на Работнички и репрезентативец Дејан Јовановски е кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар, потврдија од партијата.

    Јовановски од јули е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. За Работнички играше во 90-те, а потоа настапуваше во странство, во Турција, Швајцарија, Грција и Франција. Пред да се повлече во 2006 година се врати во Работнички. Во клубот се врати и во 2012 година како спортски директор, позиција на која се задржа една сезона. Работеше и во Агенцијата за млади и спорт, а кус период беше и генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација.

    Јовановски во Центар ќе му биде противкандидат на актуелниот директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Саша Богдановиќ. Богдановиќ беше номиниран од СДСМ вчера откако актуелниот градоначалник Андреј Жерновски се повлече од трката за втор мандат, прејде во СДСМ и најави дека ќе замине на висока позиција во централната власт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира