ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВРХОВНИОТ СУД ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ ОСУДЕН НА УСЛОВНА КАЗНА ЗАТВОР ОД ГОДИНА И ПОЛ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ

    ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВРХОВНИОТ СУД ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ ОСУДЕН НА УСЛОВНА КАЗНА ЗАТВОР ОД ГОДИНА И ПОЛ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТНа Вангеловски казната му е заменета за условна, ако во наредните четири години не стори ново кривично дело. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски е огласен за виновен и е осуден на една година и шест месеци затвор, но казната му е заменета за условна, доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело, потврдија за МИА од Основниот кривичен суд Скопје. Вангеловски во четвртокот е осуден за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

    „По изведените докази завршните зборови донесена е првостепена пресуда. Обвинетиот е огласен за виновен и определена му е условна осуда“, велат од Судот за МИА.

    Вангеловски беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата во врска со неправедно неисплатени надоместоци на платата само на неговата претходничка, врховната судијка Лидија Неделкова во 2018, за период додека одела на работа. За ова Неделкова му поднесе кривична пријава на Вангеловски.

    Пред да биде разрешен Вангеловски од судија во 2019, Судскиот совет две години не можеше да го најде и донесе на сослушување.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира