ЕКСТЕРНО НЕМА ДА ИМА, ИЗЈАВИ ПРЕДЛОЖЕНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ДЕСКОСКА

    ЕКСТЕРНО НЕМА ДА ИМА, ИЗЈАВИ ПРЕДЛОЖЕНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ДЕСКОСКА„Сакам да упатам порака до учениците и нивните родители дека екстерно тестирање годинава нема да има“, рече денеска Рената Дескоска. (Фото: СДСМ/архивска фотографија)

    Предложената министерка за образование Рената Дескоска кажа дека годинава нема да има екстерно тестирање на прес-конференција во Собранието. Пратеничката Дескоска рече дека е одблокирана работата на Собранието и екстерното тестирање ќе биде ставено на дневен ред.

    „Утре на на дневен ред на собраниската седница ќе се најдат три закони со кои што ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта“, изјави Дескоска.

    Дескоска денеска до полноќ треба да биде избрана за министерка во владата на мандатарот Зоран Заев.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари