Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар поради продолжување на зимскиот распуст за неколку дена го одложија полагањето на екстерното тестирање. Екстерната проверка за матурантите ќе се изврши од 30 јануари до 3 февруари.
Минатата година екстерното тестирање за матурантите се одвиваше од 25 до 29 јануари.
„Согласно одлуката за продолжување на зимскиот распуст, односно второто полугодие на учебната 2016/2017 година да почне на 23 јануари 2017 година, Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, ќе се спроведе во периодот од 30 јануари 2017 година до 3 февруари 2017 година“, се вели во соопштението на МОН.