Досегашната заменичка на Сашо Рајчев, обвинителката Елизабета Павловска, е назначена за в.д. Јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје.
Павловска доаѓа на местото на Рајчев, откако тој на 22 април беше избран за виш јавен обвинител.
Советот на јавни обвинители на истата седница во четвртокот распишал и оглас за избор на Јавен обвинител на Скопје, кандидати веќе конкурираат.
Скопското обвинителство е најголемото, со најголем број на предмети, а секако и најтешки од останатите основни обвинителства. Во последно време се издвои по тоа што стана и едно од најтранспарентните, заедно со Обвинителството за организиран криминал и корупција.
С. К. ДЕЛЕВСКА