ЕУРОЛИНК СО ПРВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ОСИГУРИТЕЛНИ УСЛУГИ

    ЕУРОЛИНК СО ПРВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ОСИГУРИТЕЛНИ УСЛУГИАпликацијата на Еуролинк осигурување е достапна бесплатно за сите корисници на Андроид или Иос оперативните системи.

    Еуролинк осигурување од денеска на клиентите им овозможува користење на осигурителни услуги преку мобилна апликација, соопшти компанијата. Апликацијата Еуролинк осигурување е достапна бесплатно за сите корисници на Андроид или Иос оперативните системи и преку неа се олеснува интеракцијата со клиентите и се унапредува достапноста на производите и услугите.

    Со мобилната апликација се овозможува брзо и лесно купување и плаќање полиси, пријавување евентуални штети, информации за услугите и понудите и кога се во движење. Апликацијата е прва од ваков тип на македонскиот пазар.

    „Иднината и развојот ќе им припаднат на оние кои ќе овозможат најлесно достапни продукти прилагодени на брзиот и динамичен животен стил. Со оваа услуга потврдуваме дека сме насочени кон континуирани иновации со цел задоволување на сите потреби за осигурување на нашите клиенти, воедно штедејќи го нивното време. Мобилната апликација, со голема едноставност, нуди комплетна услуга за нашите клиенти, со што ќе го подобри нивното корисничко искуство“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк Осигурување.

    Мобилната апликација е веќе достапна за симнување од Гугл плеј и Ап стор без никаков надомест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира