ЕВН ГИ МЕНУВА СКЛОПКИТЕ ВО ЗГРАДИТЕ БЕЗ СТРУЈА, ОСТАНАТИ УШТЕ НЕКОЛКУ ВЛЕЗА ОД ГРАДСКИ ЅИД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕВН ГИ МЕНУВА СКЛОПКИТЕ ВО ЗГРАДИТЕ БЕЗ СТРУЈА, ОСТАНАТИ УШТЕ НЕКОЛКУ ВЛЕЗА ОД ГРАДСКИ ЅИД

    Екипи на ЕВН одат зграда по зграда и ги менуваат испуканите склопки, поради што делови од Центар останаа без електрична енергија по земјотресот со јачина од 5,2 степени што го погоди скопскиот регион во 15.10 часот.

    Од ЕВН за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека најмногу згради останале без струја во Дебар Маало, но ситуацијата таму е санирана и останати се само уште неколку влезови од Градски ѕид кај слаткарницата „Малага“, но и таму снабдувањето со електрична енергија брзо треба да се нормализира.

    Попладнево, Скопје го погоди земјотрес со јачина  од 5,2 степени со епицентар на шест километри источно од центарот на градот на длабочина од четири километри. Претходно, околу 7 часот утринава, скопјани ги разбуди земјотрес со јачина од 3,9 степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира