ЕВТИНА СТРУЈА ЌЕ ИМА ОД 1 ДЕКЕМВРИ, ОД 13 ДО 15 ЧАСОТ, КАЖА БИСЛИМОСКИ

    ЕВТИНА СТРУЈА ЌЕ ИМА ОД 1 ДЕКЕМВРИ, ОД 13 ДО 15 ЧАСОТ, КАЖА БИСЛИМОСКИОдлуката ја соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. (Фото: К. Попов)

    Од 1 декември ќе има евтина струја во периодот од 13 до 15 часот, кажа денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

    Електродистрибуција има рок од четири месеци да ги усогласи сите 700 илјади броила за домаќинствата.

    „Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку заради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи во Европа, вклучувајќи ја и нашата. Цената на електричната енергија осум месеци наназад е пониска дури и од цената после 24 часот“, кажа директорот.

    Бислимоски рече дека донесените цени по блокови за период на високи дневна тарифа се следни: прв блок намалување од 7,04 отсто, втор блок намалување од 4,09%, трет блок зголемување од 2,54% и четврт блок зголемување од 2,42%. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ.

    „Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 %, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 % на сметките“, кажа Бислимоски.

    Евтината тарифа преку ден беше воведена во октомври 2017 година. Владата ја укина на 1 јануари 2022, кога имаше зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто.

    Граѓаните и понатаму користат евтина струја само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира