ФАИК АРСЛАНИ В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД

    ФАИК АРСЛАНИ В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУДПокрај Вангеловски, на денешната седница на Судскиот совет беше разрешена и врховната судијка Рахилка Стојковска. Разрешени беа со 8 гласа „за“. - Фаик Арслани; Судски совет (Фото: СДК.МК)

    Врховниот судија Фаик Арслани е избран за в. д. претседател на Врховниот суд, веднаш по разрешувањето на претседателот Јово Вангеловски. На денешната седница, Судскиот совет го разреши Вангеловски и од судиската функција по две години неуспешни обиди да се најде мнозинство.

    Покрај Вангеловски, на денешната седница на Судскиот совет беше разрешена и врховната судијка Рахилка Стојковска. Разрешени беа со 8 гласа „за“.

    Предлогот за разрешување на двајцата врховни судии беше поради незаконската постапка околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода пред две години. Разрешени за несовесно вршење на функцијата.

    Претходно денеска, Апелационата судијка од организиран криминал Цветанка Периќ беше избрана за судија во Врховниот суд. Периќ е ново име во кривичниот оддел во Врховниот суд, каде над 5 години воопшто не е биран судија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира