ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМПАНИЈА НОВАРТИС НА КОНГРЕСОТ ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА ВО СКОПЈЕ

    ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМПАНИЈА НОВАРТИС НА КОНГРЕСОТ ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА ВО СКОПЈЕ

    Фармацевстката компанија „Новартис“ беше дел од вториот конгрес за хематологија во организација на Македонското здружение за хематологија на кој учествуваа повеќе од 25 еминентни експерти од Европа и Америка, и истиот беше посетен од страна на повеќе од 100 здравствени работници од Македонија.

    За време на Конгресот, кој се одржуваше изминативе три дена, фармацевтската компанија „Новартис“ имаше Медицински научен Симпозиум во доменот на Миелопролиферативните неоплазми, во кој земаа учество и Др. Јасминка Талеска-директор на преставништво на Новартис во Македонија, претседател Проф. Лидија Чевреска, директор на клиниката за хематологија Скопје, Проф. Злате Стојаноски – научен соработник, клиника за Хематологија Скопје и Проф. Срѓан Верстовсек – МД Андерсон Центар, Тексас, САД.

    „Огромна чест и задоволство е да се биде дел од ваков тип на настан. Мисијата и целта на Новартис ја започнавме тука во македонија пред 20 години, а таа цел беше и се уште е максимална грижа за пациентот, како и достапноста на иновативни лекови за него. Остваривме голем број на проекти, едукации и кампањи се за доброто на пациентите во Македонија.На овој симпозиум ја имавме честа да оствариме соработка со Проф.Серѓан Верстовсек, од МД Андерсон Центарот за карциноми во Хјустон, Тексас кој е еден од водечките експерти во полето на миелофиброзата,кој што ги пренесе своите искуства во третманот на ова заболување”, изјави, Др. Јасминка Талеска-директор на преставништво на Новартис во Македонија.

    Програмата на конгресот беше дизајнирана да биде стимулативна и интерактивна, со едукативна содржина со цел да се подобри раната дијагностика и исходот од третманот на пациентите со хематолошки малигнитети, преку едукација на здравствените работници за бенефитите на најсовремената терапија за хронична лимфоцитна леукемија и индолетни лимфоми, како и поволностите од овие терапии за пациентите и за здравствениот систем.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира