Извесна фејсбук група со име „Сакам да кажам најново“ го злоупотребува логото на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК (СДК.МК) користејќи го истиот фонт и истата заштитна боја, и објавува националистички пробугарски и антимакедонски содржини кои немаат врска со редакцијата.
Слична злоупотреба на фејсбук групата на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК (СДК.МК) беше забележана и во 2018. Во периодот од 2016 до 2018, особено пред парламентарните избори во декември 2016 и пред референдумот за името во септември 2018, редакцијата повеќепати беше цел на разни хакерски и други сајбер напади.
Ве известуваме дека дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК ја пријави оваа злоупотреба во МВР и во Фејсбук. Ако добиете покана за следење или зачленување во групата ве молиме да внимавате.