ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ПОГОЛЕМИ ДНЕВНИЦИ ЗА ДЕЖУРСТВА ЗА ДОКТОРИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ОД МАРТ

    ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ПОГОЛЕМИ ДНЕВНИЦИ ЗА ДЕЖУРСТВА ЗА ДОКТОРИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ОД МАРТОбезбедени се пари за плати на приватните специијализанти, кои ќе земаат плата во висина на минималната плата гарантирана за општ лекар“, кажа Венлоо Филипче, министер за здравство

    Дневниците за дежурства на докторите и медицинските сестри на клиниките и во болниците, следната година ќе бидат поголеми, а обезбедени се и пари за покачување на платите од пет отсто, кое ќе стартува од втората половина на 2018 година. Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека во буџетот за 2018 обезбедиле пари за зголемување на дневниците за дежурства, освен за хирузите за кои веќе има зголемување.

    „Во зависност од институцијата во која што работат, дежурство кое што во моментот изнесува од 900 до 1.340 денари во обичен ден, од март или април следната година дневницата ќе биде 2.500 или 3.000 денари, а викенд дежурството кое што е 2.800 или 2.900 сега, ќе биде 4.000 денари, без разлика на зголемувањето на платата од 5 отсто. Верувам дека тоа сериозно ќе се одрази како сума на пари во платата која што докторите, но и сестрите ќе ја земаат веќе од првата половина на следната година“, рече филипче.

    Тој кажа дека меѓу мерките за да ги задржат докторите во земјава е и онаа за едукација во соработка со универзитетски центри од Европа.

    „Во преговори сме со директорот на Фондот за иновации за етаблирање нов центар за истражување, во рамки на Клиничкиот центар, во кој што може да се прават научно-истражувачки проекти, кои што во моментов немаме услови да ги правиме, а се клучни во едукацијата на младите лекари“, кажа Филипче.

    Министерството обезбедило пари и за вработување на 348 приватни специјализанти, кои досега работеа на клиниките со цело работно време и исти обврски, како и оние што имаат државна специјализација, но притоа не примаа никаков надомест за работа.

    „Обезбедени се пари за плати на приватните специјализанти, кои ќе земаат плата во висина на минималната плата гарантирана за општ лекар. За да нема вакви проблеми во иднина работиме активно со Медицинскиот факултет, и со Лекарската комора за изнаоѓање на соодветен начин за распишување на специјализации по одредени струки врз основа на потребите на стручните здруженија и клиниките, како визија колку доктори од таа струка им треба за следните години“, кажа Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира