ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО СЕКТОРОТ ЗА ОТПАД ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОЛОГИЈА

    ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО СЕКТОРОТ ЗА ОТПАД ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОЛОГИЈА„Многу брзо ќе има подетални информации, кои ќе ги соопштиме на јавноста“, велат од Финансиската полиција.- Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција (Фото: СДК.МК)

    Финансиската полиција го истражува работењето на секторот отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекторите од Управата за финансиска полиција пред две недели правеле увид во работата на овој сектор во Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Извори на САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека инспекторите ги барале на увид документите за сите издадени дозволите за колективните постапувачи со отпад и дека контролите траеле неколку дена.

    Од Управата за финансиска полиција за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека има истрага во Министерството и велат дека ги прават завршните проверки.

    „Многу брзо ќе има подетални информации, кои ќе ги соопштиме на јавноста“, велат од Финансиската полиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира