ФИРМИТЕ ПОГОДЕНИ ОД КОРОНА КРИЗАТА НЕМА ДА ПЛАЌААТ ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД И НА ДОБИВКА ЗА МАРТ, АПРИЛ И МАЈ

    ФИРМИТЕ ПОГОДЕНИ ОД КОРОНА КРИЗАТА НЕМА ДА ПЛАЌААТ ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД И НА ДОБИВКА ЗА МАРТ, АПРИЛ И МАЈВладата донесе уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, како и уредба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година. - Директорката на УЈП Сања Лукаревска (Фото: Влада)

    Фирмите од угостителство, туризам и транспорт, како и други даночни обврзници кои имаат претрпено штети поради мерките за заштита од КОВИД-19, нема да плаќаат аконтации на данокот на личен доход и на данокот на добивка за март, април и мај, кажа директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

    „За да го користат ова право даночните обврзници треба да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност или друг вид годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник од денот на влегување во сила на уредбата до денот на траењето на ослободувањето, односно 15 јуни 2020 година, како и да не го намалат бројот на вработени сметано од 26 март 2020 година до три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените“, рече Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата.

    Директорката на УЈП кажа и дека обврзниците од останатите дејности правото на ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка може да го остварат доколку вкупните приходи на даночните обврзници да се намалени за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година. Покрај тоа, правото може да се оствари и доколку намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период од претходната година, како и доколу бројот на вработени кои не придонесуваат во економската активност на работодавачот заради спроведување на мерките изнесува најмалку 25 проценти од вкупниот број на вработени во февруари 2020 година или, пак, даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот како подружници, продажни објекти и слично.

    За да го остварат правото на ослободување од данокот на добивка, обврзниците треба електронски да поднесат образец – барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данокот на добивка.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари