И ФРАНЦИЈА ПОБАРА БРЗО ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Париз,(Мета)

    И ФРАНЦИЈА ПОБАРА БРЗО ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА

    Франција ги поддржува заложбите на Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Федерика Могерини за наоѓање излез од кризата во која се наоѓа Македонија и апелира на брзо формирање влада, објави „Мета“. Државниот секретар на Франција за европски прашања Арлем Дезир вели дека треба да се почитуваат уставот, резултатите од парламентарните избори од 11 декември и демократските принципи по повод актуелната политичка состојба во земјата.

    „Франција со големо внимание ги следи најновите политички случувања во Скопје. Ние ја поддржуваме заложбата на високата претставничка за надворешни работи и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, за излез од политичката криза, за време на нејзината неодамнешна посета на Република Македонија и апелираме за брзо формирање на влада која ќе ги спроведе реформите, како услов за понатамошно приближување на земјата кон Европа“, вели Дезир.

    Во својата изјава, државниот секретар на Франција за европски прашања истакна дека Франција ги повикува сите страни на воздржаност, чувство на одговорност и на дијалог и да ја искажат својата посветеност кон регионалната стабилност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира