Синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам, ноќеска пријавил дека во дворот на неговата куќа во Чаир е фрлена бомба, која експлодирала и предизвикала материјална штета.
Габриел Бајрам е на 10. место на кандидатската листа за советници на СДСМ за град Скопје на претстојните локални избори.
“На 03.10.2021 во 00,13 часот во СВР Скопје Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на 02.10.2021 околу 23.56 часот во дворно место од куќа во негова сопственост на подрачје на Чаир непознат сторител фрлил експлозивна направа која предизвикала оштетување на ограда, врата, прозорци и фасада на куќата. Нема повредени лица. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од МВР.
На прес-конференција, тој кажа дека до МВР доставил снимки и дека ќе се открие сторителот, како и дека со негово заплашување може да се добијат само ситни политички поени.