ГАБЕР, ДАРЛИШТА, СТАРОВА И МУРАТИ: УКИНУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ Е ЦЕЛОСНО НЕОСНОВАНО

    ГАБЕР, ДАРЛИШТА, СТАРОВА И МУРАТИ: УКИНУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ Е ЦЕЛОСНО НЕОСНОВАНО

    Скопје, 25 март, 2016 – (META) Уставните судии Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Гзиме Старова и Сали Мурати денеска излегоа со издвоено мислење за измените на Законот за помилување, кои Уставниот суд ги укина на 16 овој месец, со што на претседателот му се овозможи да помилува лица што се гонети или осудувани за изборен криминал, педофилија и за трговија со дрога.

    Во издвоеното мислење, судиите напишаа дека укинувањето на Законот за изменување и за дополнување на Законот за помилување е целосно неосновано од аспект на неговото оценување во однос на Уставот.

    Според уставните судии, Уставниот суд директно го повредува начелото на поделба на власта од член 8, став 1, алинеја 4, проширувајќи ги ингеренциите на Претседателот кои се утврдени со Устав и со закони.

    „Со оглед на тоа дека друга уставна разработка на надлежноста за помилување во рамките на Уставот нема, сосема јасно и разбирливо е дека Уставот препушта сè што е во врска со помилувањето да биде регулирано со закон. Значи, воопшто не е издржан ставот на мнозинството судии дека законодавецот нема уставно овластување да уредува прашања што се однесуваат на внатрешната организација и на работа на претседателот на Републиката, со оглед на тоа што Уставот евидентно му го дозволува тоа. Со оваа одлука Уставниот суд директно го повредува начелото на поделба на власта од член 8, став 1, алинеја 4, проширувајќи ги ингеренциите на Претседателот што се утврдени со Устав и со закон“, пишува во издвоеното мислење на четворицата уставни судии.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари