ГАШИ ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ГЛАСАА САМО ЛЕВИЦА И СДСМ, СИТЕ ДРУГИ БЕА ПРОТИВ

    ГАШИ ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ГЛАСАА САМО ЛЕВИЦА И СДСМ, СИТЕ ДРУГИ БЕА ПРОТИВПротив предлогот за разрешување на Гаши гласаа пратениците од владејачкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и ЗНАМ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Собранието со 21 гласа „за“ од пратеничките групи на Левица и СДСМ и 72 „против“, без ниту еден воздржан, не ја прифати интерпелацијата за претседателот на Собранието Африм Гаши.

    Против предлогот за разрешување гласаа пратениците од владејачкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и ЗНАМ. Опозициската ДУИ, исто така, не ја поддржа интерпелацијата, но пратениците од оваа партија беа во салата за гласањето.

    На крај на расправата за интерпелацијата, пратеникот на Левица Амар Мециновиќ се обрати до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Бидете внимателни, да не дојде прилика каде што Вреди ќе ве делегитимира и ќе ве донесе во позиција да разговараме за предвремени избори, па вие заедно со нив да се вклучувате, тогаш граѓаните ќе ви бидат проруски агенти кои бараат предвремени избори“, кажа Мециновиќ, чија партија беше подносител на иницијативата.

    Интерпелацијата за Гаши беше поднесена од Левица и, како што кажаа оттаму, е заснована на седум точки: повреда на секуларноста на државата, скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје, повреда на употребата на македонскиот јазик, повреда на правилата за употреба на државните инсигнии, неконстатирање на престанок на мандатот на Талат Џафери, патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира