ГАЗДИТЕ МОРА ДА СФАТАТ ДЕКА ДОЕЊЕТО Е ХРАНА, ЛЕК ЗА ДЕЦАТА И ДА НЕ ГИ БРКААТ ОД РАБОТА МАЈКИТЕ КОИ ДОЈАТ, АПЕЛИРА КОМИТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНО МАЈЧИНСТВО

    ГАЗДИТЕ МОРА ДА СФАТАТ ДЕКА ДОЕЊЕТО Е ХРАНА, ЛЕК ЗА ДЕЦАТА И ДА НЕ ГИ БРКААТ ОД РАБОТА МАЈКИТЕ КОИ ДОЈАТ, АПЕЛИРА КОМИТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНО МАЈЧИНСТВОД-р Мими Кимовска-Христова, претседателка на подкомитетот за доење при Комитетот за безбедно мајчинство на денешната прес-конференција (втора од лево) на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. (Фото: СДК.МК)

    „Доење на работно место“ е мотото под кое се одбележува Светската недела на доењето, од 1 до 7 август, чија цел е да се поддржи овој процес секаде и секогаш. Д-р Мими Кимовска-Христова, претседателка на подкомитетот за доење при Комитетот за безбедно мајчинство, на денешната прес-конференција говореше дека доењето е предизвик за сите земји во светот, бидејќи мајките сѐ почесто ги губат работните места поради бременост и доењето.

    „Ова мото е иницирано поради поблемите со кои се соочуваат одрдени високоразвиени земји поради непостоењето на законски регулативи, и затоа во овие земји се бележи пад на доењето. На пример, Светската здравствена организација (СЗО) е сериозно загрижена за падот на процентот во Англија и Ирска, каде на пример, во првиот месец од раѓањето на бебето, процентот на доење е 24, веќе вториот е 10 отсто. Мајките се враќаат на работа оти ги губат рабвотните места. Во САД на пример, само 9 држави имаа регулирано дека работно место на мајката е загарантирано до 1 година на детето“, рече д-р Кимовска-Христова, која е специјалист педијатар, супспецијалист неонаталог од Клиниката за детски болести.

    Во Македонија е забележан пораст на процентот на доење во 2021 од 24 на 27 %, но сѐ уште е далеку од потребниот процент, 45 отсто. Во нашиот Закон за работни односи, гласи: ,,Работничката која го дои детето и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, ќе започне да работи со полно работно време, има право на платена пауза во текот на работното време, во траење на еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има работничката до наполнета една година возраст на детето.”

    Во разговор со новинарите, дека денес жените кај нас ги губат работните места места и во бременост и за време на породилно отсуство, а камоли да побараат дозвола од работодавецот за пауза за доење, д-р Кимовска-Христова рече дека токму тоа им е важно на здравствените власти, дека треба прво да се подигне свеста кај сите работодавци, да се овозможи непрекинато доење на детето. Според неа, оптимумот е една година доење, но и дека треба да цица детето сѐ додека сака мајката.

    „Треба да заземеме еднаков став, сите лекари, сите институции и нормално, законот над сѐ мора го почитуваме. Ќе видиме дали во иднина треба со министерот за здравство и нормално, со претставници на Владата, да имаме средби со работодавците. Тој проблем треба сеопфатно да биде решен. Мора и да им се даде поддршка на мајките кои се во расчекор што треба да се направи. Освен во тие малку случаи кога има здравствени контраиндикации за мајката да не дои, ние сме против адаптирани млечни формули. И најсовремено и најдобро да бидат направени, дури и во време на вештачка интелигенција, не можат да го заменат мајчиното млеко. Нема замена, разликата е во 100 проценти. Мајчиното млеко е храна, лек и детето мора да го прима“, потенцираше д-р Кимовска-Христова.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира