ГИ ЗНАЕМЕ РУСКИТЕ МЕТОДИ, КОМЕНТИРАШЕ ВЕС МИЧЕЛ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО

    ГИ ЗНАЕМЕ РУСКИТЕ МЕТОДИ, КОМЕНТИРАШЕ ВЕС МИЧЕЛ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТОПомошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија вчера сведочеше пред Комитетот за надворешни работи во Сенатот. - Од посетата на Вес Мичел на Скопје на 13 март (Фото: Влада)

    Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, кажа дека САД ги знаат руските методи, одговарајќи на прашање на сенаторка дали е загрижен за протестите во Грција и Македонија против договорот за името. Мичел вчера сведочеше пред Комитетот за надворешни работи во Сенатот и рече дека ќе го советува американскиот претседател Доналд Трамп да го покрене прашањето за руското мешање во Македонија и Грција на евентуалната средба со рускиот претседател Владимир Путин.

    „Напредокот по прашањето за спорот за името беше една од главните точки на интерес на нашиот тим. Исто така, ги знаеме руските методи. Следните чекори ќе бидат-македонскиот парламент го ратификуваше договорот, но мора да биде потврден и на референдум. Очекуваме НАТО да испрати покана до идната Северна Македонија на самитот во јули“, рече Мичел, одговарајќи на прашањето на сенаторката Џин Шахин.

    Тој кажа дека САД прават долгорочна стратегија за да го засилат американското присуство на Источниот Медитеран и во таа насока ја култивираат Грција да биде столб на стабилноста во Медитеранот и Западен Балкан.

    „Мислам дека сите препознаваат дека она што грчките и македонските лидери го направија е навистина историско и ако биде успешно, има потенцијал да биде нешто големо како Дејтонскиот договор за влијанието што ќе го има на Балканскиот полуостров“, вели Мичел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира