Поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска на Фејсбук објави дека минатиот месец поднел оставка, како што кажа, само од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека останува член на неколку партиски републички комисии и тоа комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана.
„Минатиот месец имам поднесено оставка само од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката од ИК ја поднесов поради разликите во видувањата за изборните резултати, разликите околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана. Останувам посветен на задржување на единството меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на заедничките цели во интерес на Македонија и нејзините граѓани“, напиша Попоски на социјалната мрежа.