ГО ПРЕТЕПАЛЕ УДИРАЈЌИ ГО СО ВОДОВОДЏИСКИ КЛЕШТИ ОТИ МИСЛЕЛЕ ДЕКА УКРАЛ ЛУБЕНИЦИ ОД НИВНАТА НИВА

    ГО ПРЕТЕПАЛЕ УДИРАЈЌИ ГО СО ВОДОВОДЏИСКИ КЛЕШТИ ОТИ МИСЛЕЛЕ ДЕКА УКРАЛ ЛУБЕНИЦИ ОД НИВНАТА НИВАПретепаното лице се здобило со тешки телесни повреди и е хоспитализирано на Клиниката за неврохирургија во животно-загрозувачка состојба. (Фото: СДК.МК)

    Две лица во скопското село Орешани претепале маж за кој мислеле дека украл луденици од нивната нива. Претепаниот се здобил со тешки телесни повреди и хоспитализиран е на Клиниката за неврохирургија во животно-загрозувачка состојба.

    „Со товарно возило го следеле оштетениот додека тој со автомобил се движел од Петровец кон селото Таор, сѐ додека не се паркирал во дворот на куќата на неговиот внук во Орешани. Осомничените пристигнале веднаш по него, излегле од возилото и го нападнале. Насилно го извлекле оштетениот од возилото и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот, па и со нив го удирале сѐ додека оштетениот не паднал во бессознание“, велат од Обвинителството.

    Ценејќи ги сите околности и ризици, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира