ГОЛЕМ ЗАСТОЈ НА ПАТОТ КРИВА ПАЛАНКА-КУМАНОВО, СЕ СУДРИЈА МОТОР И КОЛА

    ГОЛЕМ ЗАСТОЈ НА ПАТОТ КРИВА ПАЛАНКА-КУМАНОВО, СЕ СУДРИЈА МОТОР И КОЛАСообраќајот беше во застој повеќе од еден час и на патот се создаде неколкукилометарска колона возила.(Фото: СДК.МК)

    Едно лице е повредено во судар меѓу две возила кој попладнево се случи на регионалниот пат Крива Паланка-Куманово, кај селото Војник.

    Сообраќајот беше во застој повеќе од еден час и на патот се создаде неколкукилометарска колона возила.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека сударот бил меѓу патничко возило и мотор и според првичните информации едно лице е повредено. Увидот е во тек.

    Попладневно и владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев се враќаше по оваа делница за Скопје од Бугарија, каде заедно со премиерот Бојко Борисов беше на честување на 115-годишнината од Илинденското востание во Благоевград.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира