Возила на Пожарната единица на Скопје заитаа кон зграда на булевар Трета македонска бригада, гори стан во зграда во Аеродром.
Командирот на Пожарна потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК дека единицата гасне голем пожар откако во 17.30 било пријавено дека избувнал пламен во стан во тој дел од Аеродром.
На прашање за точна адреса, колку станови се зафатени и дали има повредени, командирот замоли за трпение за детални информации.